Рудар со 6 гола го прегази Напредок Радово

Фудбалерите на Напредок Радово на вчерашното гостување во Пробиштип не ја оправдаа благата фаворитска улога која ја имаа поради подобрата игра во однос на Рудар, откако со 6:1 беа буквално потопени на градскиот стадион во Пробиштип.

14344800_1765947420328856_1060474556283153509_n

Рудар направи скок од две места на табелата откако ја оствари својата шеста сезонска победа. Со 20 бодови фудбаларите на Рудар сега се наоѓаат на 12-тото место на табелата, додека Напредок од Радово останува на седмата позиција со 30 бодови и ја пропушти можноста за нови три бода и да го осигурни седмото место.

Во следното коло Рудар е слободен, додека Напредок во Радово го пречекува Василево.

Comments are closed.

Capture