Василево го победи Малеш

Фудбалерите на Василево на домашен терен со резултат од 2:1 го победија Малеш од Берово. Ова е девета сезонска победа за Василево.

Клубот од Василево направи скок од две места на табелата, па така сега се наоѓаат на осмата позиција со 28 бодови и имаат можност веќе и во следното коло да се искачат на седмата позиција во случај на победа.

17991795_1969011266660303_8524909740030003784_n

Малеш сега се сели на десеттата позиција со вкупно 25 освоени бодови.

Во следното коло Василево гостува кај Напредок во Радово и со победа Василево може да се искачи на седмата позиција, додека Малеш е домаќин на Кит-Го од Пехчево.

Comments are closed.

Capture