Беласица го доби дербито со Плачковица

Фудбалерите на Беласица се радуваа на победата против Плачковица во дербито од 26. коло од Третата лига – ИСТОК.

На средбата одиграна синоќа на стадионот „Младост“ во Струмица, лидерот на табелата во Третата лига – Исток, Беласица забележа минимална победа од 1:0, а единствен стрелец на погодокот беше Мариќ.

Belasica - Plachkovica 26. kolo Treta liga - ISTOK

Беласица ја зголемува бодовната разлика во однос на второпласираната Плачковица. Така сега Беласица има 64 бода, додека радовишани имаат 57 бода.

Во следното коло Беласица на домашен терен игра против шесто пласираниот Овче Поле од Свети Николе, додека Плачковица во Радовиш е апсолутен фаворит на Работник Џумајлија.

 

Comments are closed.

Capture