Академија Пандев го победи Тетекс

Фудбалерите на Академија Пандев на вчерашниот натпревар против Тетекс со 3:2 ја остварија својата 18-та сезонска победа.

Фаворитската улога која ја имаа Пандевци беше оправдана со победата над тетовчани.

Akademija Pandev - Novaci 04.03.2017 3

Пандевци по оваа победа се први на табелата со 56 бода, додека Тетекс останува на дното со 18 освоени бодови.

Во следното коло Академијата силите ќе ги одмери против Хоризонт Турново, додека Тетекс на домашен терен игра против Велазерими од Кичево.

Comments are closed.

Capture