Турново на гостување кај ФК Скопје

Екипата на Хоризонт Турново денес гостува кај второпласираниот Скопје во натпревар од 23. коло од Втората лига.

Овој натпревар ќе биде највозбудлив да се проследи бидејќи е од големо значајне за двете екипи.

Турново ќе игра со својот максимум за да ја реализира својата деветта сезонска победа како би можел да остане во трка за третото место, па преку бараж да се врати во Првата лига.

Turnovo - Metalurg 15.05.2016 3

Доколку Турново денес победи, а Новаци загуби од Еуромилк тогаш ќе биде четврти на табелата со 36 бода, Новаци ќе биде петти со исто бодови, додека Еуромилк ќе биде трети со 37 бода.

Доколку Еуромилк загуби, а Новаци победи, тогаш Турново доколку победи би бил со 36 бода четври Новаци со 39 бода трети, додека Еуромилк ќе биде петти со 34 бода.

Во случај на реми на дуелот помеѓу Новаци и Еуромилк, тогаш Турново би бил повторно четври, бидејќи Новаци ќе остане трети со 37 бода, а Еуромилк петти со 37 бода.

Со победа Турновци ќе бидат во сериозна трка за третата позиција и можност преку бараж да се вратат во Првата лига.

Турново и Скопје имаат одиграно седум меѓусебни пресметки, од кој Турново на три победил, Скопје на една, додека на останатите три натпревари немало победник.

Скопје единствената победа над Турново ја има во натпревар од Првата лига во 2010 година. Турново двете победи ги има над Скопје во натпревари од Првата лига, додека еден во рамките на Купот на Македонија. Едно реми имаат исто така во Купот на Македонија, додека оваа сезона имаат две ремиа, едното со резултат од 1:1, едното со резултат од 3:3 во рамките на Втората лига.

На последните пет натпревари, Турново има три победи и едно реми, додека Скопје има еден пораз, две ремиа и две победи.

Натпреварот се игра денес со почеток од 16 часот.

Comments are closed.

Capture