Беласица – Плачковица дерби на колото во ТМФЛ – ИСТОК

Беласица ја пречекува Плачковица во дербито на 26. коло во Третата македонска фудбалска лига – Исток.

Големото дерби ќе се одигра утре со почеток од 19 часот на градскиот стадион „Младост“ во Струмица.

Се очекува голема број на гледачи да го проследат овој натпревар кој е многу важен и за двете екипи.

14463285_773521602789922_242531014864878816_n

Во досегашниот дел од сезоната Беласица има 20 победи, едно реми и еден порази, при што струмичани постигнале 110 погодоци а примиле само 8 и со 61 бод се први на табелата, додека радовишани имаат скор од 19 победи, три порази, при што фудбалерите на Плачковица постигнале 62 погодоци, а примиле само 10, со 57 бода се втори на табелата.

Со победа на Беласица бодовната разлика помеѓу овие две екипи ќе биде 7 бода, доколку радовишани победат тогаш бодовната разлика помеѓу овие две екипи ќе биде само еден бод.

Влезот е слободен!

Comments are closed.

Capture