Тиверија на 11 место во Третата лига – Исток

Струмичкиот клуб Тиверија по 25. одиграни кола во Третата лига – Исток се наоѓа на 11. место на табелата.

Овој клуб во досегашниот тек од сезоната има забележано само 6 победи, две ремиа и дури 14 порази, при што фудбалерите постигнале 25 погодици а примиле 48.

13001087_1066294163436808_4711979504885987129_n

На последниот натпревар одигран на гостински терен кај Напредок од Радово, Тиверија со 3:0 беше поразена.

Во следното коло е домаќин на Слога од Виница која се наоѓа на 13-тото место на табелата со 17 бодови.

На Тиверија и е потребна победа, како би можела да остане во „трка“ за деветтото место на табелата, бидејќи при евентуален пораз, Слога би можела да се искачи на 11-тото место, и практично би имала исто бодови како и струмичани, но Работник Џумајлија доколку ја победи Саса, тогаш Работник би бил 11-ти, додека Слога и Тиверија би го делиле 12-тото место.

Но доколку и Рудар во Пробиштип ја оствари шесттата сезонска победа над Напредок од Радово, тогаш и Рудар ќе се бори за 11-тото место на табелата.

Comments are closed.

Capture