Промовиран Граѓанскиот буџет на општина Струмица за 2017 година

Центарот на заедницата во соработка со општина Струмица, денеска, во салата на Советот во домот на АРМ, го промовираа Граѓанскиот буџет на општина Струмица за 2017 година. Целта на овој граѓански буџет е транспарентно презентирање на информациите поврзани со буџетот и информирање на граѓаните на прилагоден, едноставен и достапен начин, со што буџетот на Општината ќе се приближи до граѓаните, чии пари влегуваат во истиот. Тоа значи дека граѓаните ќе се информираат за тоа кои се приоритетите на Општината за кои ќе се трошат нивните пари, а тоа ќе придонесе и до зголемување на нивната партиципација во процесите на креирањето на најбитните локални одлуки, вклучувајќи го и процесот на носење на буџетот на Општината, како еден од најзначајните документи за функционирање на Општината.

0Во обраќањето до присутните, вршителот на должноста градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, рече дека нема подобар патоказ кон успехот од држењето на вистинскиот и испробан правец, по веќе трасираниот пат кој што  е дело на струмичката гордост Зоран Заев, кој ни го остави во наследство, за прогрес на општината и за доброто на сите граѓани кои живеат во неа.3 (5)

- Да се биде сведок на промовирањето на финалниот продукт од една исклучително значајна активност на Центарот на заедницата на општина Струмица, каква што е изработката на Граѓанскиот буџет на општина Струмица за 2017 година, претставува големо задоволство, а тоа задоволство е уште поголемо за мене, кога во овој свечен миг ја имам можноста да ви се обратам како в.д. градоначалник на општина Струмица, претставувајќи ја токму Општината која безмалку 12 години, на чело со доскорешниот градоначалник Зоран Заев, го држеше приматот со своето работење во Република Македонија. Нема подобар патоказ кон успехот од држењето на вистинскиот и испробан правец, по веќе трасираниот пат, по патот кој не носи до  посакуваните цели, резултати и бенефити.  Тој трасиран пат е дело на струмичката гордост Зоран Заев, кој ни го остави во наследство, за прогрес на општината и за доброто на сите граѓани кои живеат во неа.1 (14)

Изработката на Граѓанскиот буџет на општина Струмица за 2017 година, од страна на Центарот на заедницата на општина Струмица, е убав доказ дека успешно се движиме по тој пат, дека ги негуваме и продлабочуваме веќе востановените вредности од едно успешно работење. Убеден сум дека зголемувњето на одговорноста, отчетноста и транспарентноста на општина Струмица, поврзани со трошењето на парите на граѓаните во општинскиот буџет, како основни цели на оваа активност, ќе бидат во целост исполнети. Тоа само го потврдува продолжението на еден успешен континуитет.2 (13)

Во исто време се остваруваат и останатите цели, како што се, зголемувањето на јавната свест и јавната дебата за буџетските политики во општина Струмица, зголемувањето на учеството на граѓанскиот сектор во креирањето и трошењето на буџетските средства, како и зголемување на надзорот и контролата на трошењето на парите на граѓаните во нашата општина.4 (8)

На оваа промоција на Граѓанскиот буџет на општина Струмица за 2017 година, содржината и бројките ќе им ги препуштам на оние кои учествуваа во неговата изработка. Јас би сакал само, да им честитам на младите, инвентивни и исполнителни луѓе од Центарот на заедницата на општина Струмица, за вложениот труд и извонредниот резултат од него, како и да упатам зборови на благодарност на Фондацијата Отворено општество – Македонија, која ја финансираше оваа активност на Центарот. Денешнава промоција е само попатна станица на патот по кој чекориме. Продолжувањето на тој пат, е наша реалност и наша неминовност, рече Костадинов.6 (9) 7 (5)

Comments are closed.

Capture