Напредок Радово по победата со 7 гола се искачи на седмото место

Фудбалерите на Напредок Радово по 25. одиграни кола се седмо пласирани со 30 освоени бодови.

14572144_777972542344828_990490264080185033_n

Клубот од Радово во досегашниот тек од сезоната има забележано 10 победи и 12 порази, при што постигнал 38 а примил 42 огодоци.

Минатото коло Напредок Радово го одигра можеби најдобриот натпревар оваа сезона, откако со 7:1 на домашен терен ја декласираше Брегалница од Делчево.

Во следното коло Напредок гостува во Пробиштип каде е фаворит против Рудар.

Comments are closed.

Capture