Беласица лидер на табелата во Третата лига – Исток

Беласица по 25 одиграни кола во Третата лига – Исток е првопласирана со 61 освоен бод и има 4 бода предност во однос на второпласираната Плачковица од Радовиш.

14463285_773521602789922_242531014864878816_n

Фудбалерите на Беласица во досегашниот тек од сезоната имаат забележано 20 победи, едно реми и еден пораз, при што постигнале 110 погодоци, што е двојно повеќе од останатите клубови, и има примено само 8 погодоци, а тоа значи дека ја имаат и најдобрата одбрана.

Во следното коло Беласица на домашен терен ќе го одигра дербито на колото против второпласираната Плачковица. Овој натпревар ќе биде највозбудлив и со сигурност ќе го наполни стадионот „Младост“ во Струмица.

 

Comments are closed.

Capture