Турново во борба за третото место во Втората лига

Екипата на Хоризонт од Турново по ремито со Новаци (2:2) на домашен терен, останува и понатаму сериозен кандидат за третото место на табелата и можност преку бараж да се врати во Првата лига.

Turnovo - Metalurg 15.05.2016 3

Со 8 победи, девет ремиа и пет порази Турновци се пласирани на петтото место на табелата со 33 освоени бодови и имаат негатива од 3 бода во однос на третопласираниот Новаци.

Во следното коло Турново ќе има многу тешко гостување против второпласираниот Скопје кој е сериозен кандидат за влез во Првата лига, и ќе го даде својот максимум за да дојде до новите три бода со цел да ја задржи или зголеми бодовната разлика во однос на третопласираниот Новаци. Нивната бодовна разлика моментално изнесува 5 бода.

23. коло се игра на 29 април со почеток од 16 часот.

 

Comments are closed.

Capture