Промоција на Граѓански буџет на Општина Струмица за 2017 година во среда

Центарот на заедницата на општина Струмица во соработка со Општина Струмица, организира промоција на Граѓански буџет на Општина Струмица за 2017 г. која ќе се одржи на 26 април 2017 г. со почеток во 12 часот во салата на Советот на општина Струмица, Дом на АРМ, Струмица.Capture

На настанот свое обраќање ќе има в.д. Градоначалникот на општина Струмица г-н Костадин Костадинов, а Граѓанскиот буџет ќе го промовираат координаторите на проекти во Центарот на заедницата на општина Струмица Горан Сачевски и Мими Николиќ. Настанот ќе го модерира Танкица Таукова, исто така координатор на проекти во Центарот на заедницата на општина Струмица.

Со Граѓанскиот буџет е претставен Буџетот на Општина Струмица за 2017 година, со што ќе се зголеми свесноста на Општина Струмица за нејзината обврска за транспарентно презентирање на информациите поврзани со Буџетот и информирање на граѓаните на прилагоден, едноставен и достапен начин, со што Буџетот на Општината ќе се приближи до граѓаните, чии пари влегуваат во самиот Буџет. Со Граѓанскиот буџет граѓаните ќе се информираат за тоа кои се приоритетите на Општината за кои ќе се трошат нивните пари, а тоа ќе придонесе и до зголемување на нивната партиципација во процесите на креирањето на најбитните локални одлуки, вклучувајќи го и процесот на носење на Буџетот на Општината, како еден од најзначајните документи за функционирање на Општината.

Изработката на Граѓанскиот буџет на Општина Струмица за 2017 г. е финансирана од Фондација Отворено општество – Македонија.

Comments are closed.

Capture