Академија Пандев ја нанижа 17-та сезонска победа

Академија Пандев на вчерашното гостување во Кавадарци ја забележа 17-та сезонска победа, откако со 1:3 го победи Тиквеш во натпревар од 22. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Akademija Pandev - Novaci 04.03.2017

Пандевци ја оправдаа својата фаворитска улога и со оваа победа и официјално од следната сезона ќе се натпреваруваат во Првата македонска фудбалска лига.

Во досегашниот дел од сезоната, Академијата има скор од 17 победи, три порази и две ремиа, при што фудбалерите постигнале 55 погодоци а примиле 18.

Во следното коло Пандевци дома играа против Тетекс кој е пласиран на последното 10-то место на табелата. На тетовчани им се потребни бодови како би обезбедиле евентуален опстанок во Втората лига, кои им е се потежок и потежок.

Натпреварот од 23. коло се игра на 29 април со почеток од 16 часот.

Comments are closed.

1