Дали знаете кое било најстарото население во струмичко?

Плодната почва, благата умерена клима, обилството на води и шуми во Струмичко уште во најстарото, античко време, нуделе поволни услови за исхрана иживеење на луѓето. Уште во петтиот век пред нашата ера, Струмичката област била добро населена и тоа со тракиски (пеонски) племиња. Според името на овие племиња, и самиот крај, кој не се ограничувал само на денешно Струмичко, се викал Пеонија. Ова било и најстарото негово географско и историско име. Во струмичкиот предел тогаш живееле пеонските племиња Добери (со центар градот Добер), Астраи (со градот Астраион) и Иори (со градот Иорон).

4strumica1_1656x1050

Во тој период, на југ од Пеонија, се создала и започнала да се шири и кон север познатата античка македонска држава, која својот најголем процут го доживеала во времето на Филип и Александар Македонски. Но Струмичката област и тогаш останала, главно, надвор од границите на Македонија, зашто тие своите завојувања ги свртеле кон југ и во Азија. Струмичко само повремено влегувало восоставот на македонската држава, а пеонските племињаовде долго време и тоа сè до римското завладување (средината на II век пред нашата ера), живееле самостојно. Тие скоро никогаш не биле потполно покорени од македонските цареви.

00umetnicko-delo-plostad-star_1680x681

По дефинитивното освојување на Балканскиот Полуостров од Римјаните, настанало мешање на тракиските(пеонски) племиња со античките Македонци. И така Траките и Македонците станале етнички блиски. Освојувајќи ја трајно македонската држава и полагајќи право на владеење и на Пеонија, Римјаните ја приклучиле и Струмичката област кон својата провинција Македонија. Тогаш таа влегувала во таканаречената Втора или Горна Македонија. Веќе од ова време започнало да се губи и за оваа област името Пеонија, за да биде изместено и заменето со називот Македонија, кое останало сè до денес.

Comments are closed.

Capture