Турново со многу важен натпревар, Пандевци фаворити во Кавадарци

Денес со почеток од 16 часот ќе се одигра 22. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Хоризонт Турново денес ќе игра многу важен и значаен натпревар против екипата на Новаци. Натпреварот е исклучително значаен за Турновци, затоа што, со победа би се искачиле на третото место на табелата, во случај Еуромилк да загуби на домашен терен од Металург. Доколку клубот од Горно Лисиче го победи Металург, тогаш Турновци би биле на четвртото место на 1 бод негатива за третата позиција и ќе имаат 2 бода повеќе од петтопласираниот Новаци кој би имал 33 бода.

Akademija Pandev - Novaci 04.03.2017

Третопласираниот клуб од Вторага лига игра бараж со осмопласираниот од Првата лига, па во тој случај Турново доколку сезоната ја заврши на третата позиција би играл бараж за да се врати во „елитното друштво“, откако претходната сезона испаднаа, или пак доколку до крајот на сезоната успеа да дојдат до втората позиција, па директно да се вратат во Првата лига.

Исходот од овој натпревар ќе го видеме вечерва.

Академија Пандев денес патува во Кавадарци, каде ќе го одигра натпревар од 22. коло против Тиквеш. Пандевци во овој натпревар влегуваат како апсолутни фаворити, пред се поради далеку подобрата игра и расположението на играчите. Тиквеш како предност ќе ја искористи приликата што игра на свој терен и пред своја публика, и ќе се обиде да дојде до евентуална победа или реми, бидејќи бодовите за овој клуб се многу важни, како би можел да избори опстанок во Втората лига.

 

Comments are closed.

Capture