Турново ремизираше со Новаци но останува во трка за третата позиција

Турновци денес на домашен терен во натпревар од 22. коло од Втората лига, одиграа нерешено (2:2) со третопласираниот Новаци.

Turnovo - Metalurg 15.05.2016 2

Натпреварот беше важен и за двете екипи, бидејќи се борат за третото место кое преку бараж води во Првата лига.

По ремито, состојата на горниот дел од табелата останува исто. Турново е петти со 33 бода, четври е Еуромилк со бод повеќе, трети е Новаци со 36 бода и Скопје со 39 бодови како второпласиран, првопласирана е Академија Пандев со 53 бода.

Турново во следното коло има многу тешко гостување кај второпласираниот Скопје.

 

Comments are closed.

Capture