ОФИЦИЈАЛНО: Академија Пандев од следната сезона во Прва лига

По победата на Тиквеш во Кавадарци од 1:3, Академија Пандев и официјално од следната сезона ќе се натпреварува во рамките на Првата македонска фудбалска лига.

Akademija Pandev - Teteks - 4 kolo

На пет кола пред крајот од сезоната, Академија Пандев со 17 победи, два порази и две ремиа е првопласирана екипа со 53 освоени бодови и има предност од 14 бода во однос на второпласираниот Скопје.

Струмица од следната сезона повторно ќе има фудбалски прволигаш, откако минатата сезона Турново испадна од Првата лига и се пресели во Втората. Но, останува да видиме дали Турново кој има реални шанси да се избори за третото место, преку бараж се врати повторно во Првата лига.

Пандевци на следните 5 натпревари, колку што остануваат до крајот од сезоната, силите ќе ги одмерат со Тетекс веќе во следното коло, потоа со Турново, Еуромилк, Новаци и во последното коло против моментално второпласираниот Скопје.

Фудбалерите на Академијата во досегашниот тек од сезоната постигнаа 55 погодоци, што ги прави најефикасни, а примиле 18 погодоци.

Comments are closed.

Capture