Академија Пандев со убедлива победа во Кавадарци

Екипата на Академија Пандев со убедлива победа се врати од гостувањето во Кавадарци каде одигра натпревер од 22. коло од Втората лига против екипата на Тиквеш. Натпреварот заврши со резултат од 1:3.

Akademija Pandev - Novaci 04.03.2017

Стрелци на головите за Пандевци беа, Атанасов кој двапати ја погоди противничката мрежа и Атанаскоски, додека за домаќините единствениот погодок го постигна Лазарев.

Академијата со 53 бода е првопласирана и официјално го доби статутот на Прволигаш, бидејќи од следната сезона ќе се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига.

Тиквеш по поразот останува на деветтото место на табелата со 19 бодови.

Во следното коло Пандевци се домаќини на последно пласираниот Тетекс.

Comments are closed.

Capture