Тајните на струмичките ловци на скриено богатство

Во деновите на почетокот на декември 2009. година, струмичани живееја во златна треска. Една приказна ги стави во позадина сите актуелни случувања. Низ градот се зборуваше дека на некогашните турски гробишта било пронајдено скриено богатсво тешко еден тон.

Иако оваа приказна официјално никогаш не беше потврдена,   во чаршиските муабети можевте да слушнете  дека некој имотен Турчин, кој во средината на минатиот век живеел во Струмица, закопал големо богатсво на  турските гробишта пред да се исели во Турција , а скиците  ги оставил на своите потомци.  И таа златна треска ги занесе струмичани тој декември, посебно оние што мечтаеле  да  пронајдат скриено богаство.

 Како пред четири години на чаршиската вест  реагираа  „струмичките ловци на скриено богатство’’ и како изгледа дел од нивниот таен свет, откријте од анонимен извор во следните редови…

pirate_gold_poker_chips_1

Иако не е потврдена приказната дека недалеко од центарот на Струмица беше ископан еден тон скриено богаство, како реагираа ловците на скриено богатство на градските муабети?

Воглавно поверуваа. Некои  беа изненадени, некои разочарани бидејќи цел живот поминувале низ  таа  улица, без да посомневат дека  под нивните нозе имало нешто.  Некои  осетиле и љубомора  затоа што некој можеби пронашол нешто што тие пробуваат цел свој живот.

Што поточно еден ловец на скриено богатство бара? Што верува дека земјата крие?

Тој бара закопано богатство од византиско, римско и отоманското царство на овие простори. Најчесто се верува во оставнината на турските иселеници кои не можеле да го однесат целото свое богатство во Турција туку го закопувале во земјата. Инаку, најраширени предавања на овие простори се за богатството на Поп Мартин и Волчан Војвода.

Што ги мотивира луѓето да прават такви работи?

Многу трагањето го гледат како спорт. Некои го прават тоа од љубопитност, некои се надеваат дека ке им донесе подобра иднина, на некои животот им е досаден па си барат занимација, некои имаат желба да си ја испробат среќата. Постојат многу причини.

Дали овие ловци на скриено богатство се жени или машки? Постојат ли некои поделби?

Поголем дел од заинтересираните се машки, но и жените не заостануваат. Некои жени се дури и повеќе информирани. Генерално гледано, нема одредена дефиниција за оваа група на луѓе бидејќи за скриеното богатство се интересираат и млади и стари, и високообразовани луѓе и обични работници како и луѓе на високи друштвени позиции.

 994264_646632022014447_1610547787_n

Во што верува ловец на богатство? Дали неговиот водич се легендите или вистинските случки?

Тој се води по  легенди за кој се верува дека се вистинити. Некои се водат и по тапиии, пишани документи, кои се можеби лажни и препишувани безброј пати. Но, тој сепак верува.

Колку  луѓето се свесни дека тајното трагање е нелегано и може да донесе одредени казни?

Секој е свесен за тоа. Но законот не може да ја убие љубовта спрема мистериите за закопаното богатство. На  Интернет постојат отворени групи на кои се дискутира за тоа. Во такви дискусии  учествуваат луѓе и од други земји, како што  се, на пример,  Србија, Бугарија, Грција, Турција…

Дали нешто е пронајдено на струмичкото подрачје?

Такви приказни се слушат, но никој не може да потврди. Еден кажува за некој дека пронашол, втор за трет, и така во круг.

Некоја интересна струмичка легенда  за скриено богаство?

Позната е легендата за Александар Македонски. Постојат приказни дека неговиот гроб  се наоѓа  на планината Беласица. Постојат легенди дека на овие простори се наоѓа подземен град Победа.

Во што повеќе верува еден „ловец на скриено богатство’’ – во добивка на седмица на лото или дека ќе пронајде скриено богатство?

Повеќе дека ќе пронајде  вредно богатство.

PieceofEightPirateGoldSilverDoubloonReplic00

ОД АГОЛ НА ЗАКОНОТ: Трагањето по закопано богаство во Македонија се одобрува само со посебна дозвола и под одредени услови. Таканареченото трагањето по скриено богатство всушност е недозволено и е регулирано со Законот за заштита на културно наследство.

Доколку доброто случајно ќе биде пронајдено и не преставува културно наследство, пронаоѓачот има право на надоместок за направените нужни трошоци, како и на награда во висина од 15% од вредноста на стварта.

Доколку доброто преставува културно наследство и само во случај ако преставува случаен наод, пронаоѓач има право на награда и за таа цел се формира посебна комисија во Министерството за култура која проценува вредноста на предметот и висината на наградата, а некогаш и по пат на спогодба за пронаоѓачот. Значи, случаен наод  не може да преставува добро кое пронаоѓач свесно и со намера го присвоил за себе со незаконска активност (илегално ископување, кражба, и сл.)

Се што ќе биде пронајдено под земја и вода преставува сопственост на Р. Македонија, доколку не биде пронајден сопственикот.

Поседувањето на опрема за металдетекција само по себе не е казниво дело и не се санкционира ниту со еден закон. Меѓутоа, самата употреба на ваквата опрема преставува прекршочно дело предвидено и казниво спроред законот, а доколку со помош на опрема за метал детекција биде ископано или незаконско присвоено културно добро преставува кривично дело.

M.И

Comments are closed.

Capture