Напредок Радово на гостување во Делчево

Екипата на Напредок од Радово во недела гостува во Делчево кај Брегалница Голак во натпревар од 25. коло од Третата лига – Исток.

14572144_777972542344828_990490264080185033_n

Двете екипи се на делба на седмата позиција со по 27 бодови, па така по овој натпревар, доколку не заврши нерешено, една од екипите ќе остане на седмата позиција, додека другата може во случај на победа на Василево да се сели на деветтата позиција.

Брегалница Голак има 8 победи, три ремиа, и 12 порази, додека Напредок има 9 победи и 12 порази.

Натпреварот се игра со почеток од 16 часот во недела.

Comments are closed.

Capture