Беласица во недела гостува кај Саса

Првопласираната Беласица во недела во натпревар од 25. коло од Третата лига – Исток гостува во Македониска Каменица кај Саса.

Оваа гостување ќе биде тешко за Беласица, со оглед на фактот што Саса игра во подобра форма отколку претходно, но сепак приматот на фаворит му припаѓа на клуб од Струмица

13001087_1066294163436808_4711979504885987129_n

Беласица во досегашниот тек од сезоната има забележано 19 победи, едно реми и еден пораз, при што постигнале 107, а примиле 7 погодоци. Саса има 15 победи, едно реми и пет порази, при што постигнале 54, а примиле 21 погодок.

Домаќините моментално се на четвртата позиција на табелата со 46 бодови.

Натпреварот се игра во недела со почеток од 16 часот.

Comments are closed.

Capture