Турново против Новаци за третото место на табелата

Екипата на Турново во сабота на домашен терен ќе ги пречека фудбалерите на Новаци во натпревар од 22. коло од Вторага лига.

Овој натпревар е од голема важност за Турново, бидејќи со победа ќе имаат можност да се искчат на третото место, во случај Еуромилк да загуби од Металург, но доколку победи, тогаш ќе се искачат на четврото место на табелата и ќе бидат во сериозна „трка“ за третата позиција, но и за втората.

Turnovo - Metalurg 15.05.2016 3

Овие две екипи во рамките на Втората лига имаат одиграно два натпревари. Првиот наптревар одигра на 27 август минатата година заврши нерешено 0:0, додека во вториот натпревар Турновци на гостински терен го декласираа Новаци со 0:4.

На последните пет натпревари Турново има скор од четири победи и едно реми, додека Новаци има три победи, едно реми и еден пораз.

Натпреварот се игра во сабота со почеток од 16 часот.

Comments are closed.

Capture