Пандевци во сабота гостуваат кај Тиквеш Кавадарци

Првопласираната Академија Пандев во сабота во рамките на 22. коло од Втората македонска фудбалска лига гостуваат кај екипата на Тиквеш во Кавадарци.

Пандевци во овој натпревар влегуваат како апсолутни фавороти, поради далеку подобрата игра, форма и квалитет кој го имаат.

Akademija Pandev - Novaci 04.03.2017

Тиквеш е на деветтото место на табелата со 19 бодови, и им се потребни бодови како би можеле да изборат за опстанок во Втората лига.

Овие две екипи имаат две меѓусебни пресметки во Втората лига на кој Пандевци и двете ги имаат добиено. Првата се одиграла на 27 август минатата година кога во Кавадарци со 1:3 славеа Струмичани. Во вториот натпревар одигран во Струмица, Академија со 7:0 го декласираше клубот од Кавадарци.

Натпреварот се игра во сабота со почеток од 16 часот.

Comments are closed.

Capture