Академија Пандев го прегази Вардар Неготино

Пандевци со 4:0 ги декласираа гостите од Неготино во натпревар од 21. коло од Втората лига. Академија со двата погодиц на Балдовалиев и на Мишов дојде до 16-тата сезонска победа и со 50 бодови е прва на табелата.

Akademija Pandev - Novaci 04.03.2017 3

Вардар Неготино е осми на табелата со 19 бодови, исто колку што има и Тиквеш Кавадарци.

Покрај овој натпревар се одигра уште еден со што беше комплетирано 21. коло од Втората лига.

Скопје на домашен терен со 2:0 го победи Тиквеш Кавадарци. Скопјани остануваат на второто место со 38 бодови, додека Тиквеш на деветото место со 19 бодови.

Во следното коло Академија Пандев гостува во Кавадарци кај Тиквеш.

Comments are closed.

Capture