Турново атакува на второто место Втората лига

Фудбалерите на Хоризонт Турново играат во најдобра форма од почетокот на сезоната, а тоа се потврдува и со нивните резултати. На последни пет кола, Турново има скор од четири победи и едно реми, што моментално никој од останатите клубови во Втората лига немаат таков скор на последните пет кола.

Turnovo - Metalurg 15.05.2016 2

Турновци моментално се на петтото место на табелата и имаат негатива од само три бода во однос на Новаци кој се наоѓа на второ место на табелата. Целиот исход зависи од утрешниот натпревар помеѓу Скопје и Тетекс, каде скопјани се апсолутни фаворити и доколку победат, тогаш Турново ќе има негатива од 6 бода во однос на второто место.

Во следното коло Хоризонт игра против Новаци, и доколку дојдат до победа тогаш може да се искачат и на третото место на табелата во случај Еуромилк да загуби или одигра нерешено со Металург кој има пет порази во низа.

Турново има реални шанси до крајот на сезоната да се искачи на второто место на табелата и да се врати во „елитното друштво“, или пак преку бараж, доколку сезоната ја заврши на третото место на табелата. Баражот третопласираниот од Втората лига го игра со осмопласираниот од Првата лига. Моментално осмопласиран во Првата лига е Победа од Прилеп.

 

Comments are closed.

Capture