Академија Пандев натпреварот од 21. коло против Вардар Неготино ќе го одигра утре

Екипата на Академија Пандев утре на домашен терен ќе го одигра натпреварот против Вардар од Неготино во рамките на 21. коло од Втората лига.

Akademija Pandev - Teteks - 4 kolo

Пандевци се фаворити на овој натпревар, но гостите од Неготино ќе играат за победа бидејќи им се потребни бодови како би можеле да се изборат за опстанок во Втората лига.

Академијата е на првото место на табелата со 47 бодови, додека неготинци имаат 19 бодови и се на осмото место.

Покрај овој натпревар, ќе биде одигран и натпреварот помеѓу Скопје и Тетекс, со што 21. коло од Втората лига ќе биде комплетирано.

Comments are closed.

Capture