Честитка од вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица Костадин Костадинов по повод Велигден

Почитувани сограѓани – благочестиви христијани,
Во мигот кога свештените лица како Божји служители, ќе ја објават радосната вест за чудото над сите чудеса на овој свет – Христовото Воскресение, Ви посакувам таа вест да допре длабоко во Вашите срца и души, и да ве направи радосни и горди од сознанието дека сте Божји чеда.
Христовото Воскресение, како најторжествен христијански празник, нека Ви донесе радост, среќа, спокој и благосостојба во Вашите домови, како и здравје, достоинствен живот и хармонија во Вашите семејства. Празникот треба да се празнува, но тој треба да ни биде и потсетник, дека треба да ги подразбудиме во секој од нас човековите вредности и доблести, како што се добрината, човекољубието, милосрдието и подготвеноста на љубовта да возвратиме со љубов.
Нека ни се среќни и вековити Велигденските празнувања.
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ

17861957_1264128396973921_5420143199553187871_n

Comments are closed.

Capture