Moja, твоја, наша Струмица -Куќата на Д-р. Александар Белев

Старата струмичка архитектура е достојна за восхит. Да ја земеме за пример куќата на д-р Александар Белев која се наоѓа во близина на малиот градски парк. Таа ја има зачувано својата автентичност.

kukata 031_1200_800

 

            На фасадата на куќата се рефлектира класичната архитектура. Во централниот дел на приземјето е влезот со полукружен свод. Покрај него, од двете страни, се издигаат два столба – носачи на две машки фигури. Тие го ,,држат” балконот и се прикажани како митолошкиот Атлас, кој на своите рамења ги крепи небесните сфери.

            На катот се гледаат сегменти од римската уметност. Забележителни се четирите столбови со еднаква обработка. Нивните капители (најгорните истакнати делови на столбовите) наликуваат на оние од композитниот облик, карактеристичен за римската архитектура. Тие се орнаментално украсени и успешно ја одигруваат својата естетска улога. Четирите прозорни отвори кои гледаат накај улицата, се полукружни, со странични релјефни декорации. Надградба од релјефни ѕидни украси има и во делот кој лежи хоризонтално над столбовите, како и во триаголниот дел, односно, фронтон. На врвот на куќата стои статуа на жена.

kukata 026_1029_800

            Освен оваа куќа, во Струмица постојат и многу други градби кои, поради нивната оригинална архитектура, треба да бидат воочени и соодветно заштитени. Ваквите градби несомнено претставуваат значаен дел од културно-историското наследство на градот и пошироко.

kukata 029_1182_800 kukata 025_649_800 untitled (1 of 1)-2_1029_800Весна Д.

Comments are closed.

Capture