Василево ремизираше во Свети Николе

Екипата на Василево денес одигра нерешено (0:0) на гостувањето кај Овче Поле во Свети Николе.

14199263_611725192343070_8347436526888840606_n

Домаќините наидоа на голем отпор и не можеа да дојдат до посакуваната победа и трите важни бода како би ја осигуреле петтата позиција и да останат во сериозна трка за четвртото место.

Кит-Го во Пробиштип со 1:4 го прегази Рудар и сега има 41 бод исто како и клубот од Свети Николе и се на делба на петтото место.

Во следното коло Василево гостува во Пехчево кај Кит-Го, додека Овче Поле гостува во Радовиш кај Плачковица.

Comments are closed.

Capture