Хоризонт Турново гостува кај Еуромилк

Екипата на Хоризонт Турново која на последните пет натпревари игра во најдобро светло, утре гостува кај третопласираниот Еуромилк во натпревар од 21. коло од Вторага лига.

Turnovo - Pelister 25.05.2016

Турново ќе има тешко гостување, но со оглед на нивната далеку подобрена игра, покрај реми, можна е и евентуална победа, со која победа меѓусебната бодовна разлика би била само 1 бод, а доколку Новаци загуби од Тетекс, тогаш Турново би бил четври на табелата и сериозен кандидат за третото место, кое преку бараж води во Првата лига.

Турновци на последните пет натпревари имаат скор од еден пораз, едно реми и три победи, додека скорот на клубот од Горно Лисиче е два порази, едно реми и две победи.

Во однос на постигнатите погодоци, Еуромилк има постигнато 24 погодоци а примено 15, додека Хоризонт од Турново има постигнато 28 погодоци а примено 17.

Натпреварот се игра со почеток од 16 часот.

Comments are closed.

Capture