Напредок Радово на тешко гостување кај Осогово

Екипата на Напредок од Радово утре ја очекува тешко гостување во Кочани, кај третопласираниот Осогово кој игра во одлична форма.

14199283_763773143764768_8236141470506263767_n

Напредок Радово со 27 бодови е на седмата позиција на табелата, додека Осогово е на третото место со 51 бод, исто колку што има и второпласираната Плачковица од Радовиш.

Во досегашниот тек од лигата, Осогово има 17 победи и пет порази, додека Напредок од Радово има 9 победи и 11 порази.

Натпреварот се игра со почеток од 16 часот.

Comments are closed.

Capture