Како гласи легендата за Босилово?

Селото Босилово се наоѓа на 7 километри источно од градот Струмица. Преданијата велат дека оваа селска населба е основана во почетокот на турското владењње. За време на ропството, земјиштето на кое е лоцирано сегашно Босилово, било чифлик на неколку турски бегови. Според едно предание, селото порано имало друга местоположба и се нарекувало „Нејчино”.

Bosilovo.12

4228456

Некои од беговите им дозволувале на чифлигарите на местото каде што е денешно Босилово да градат примитивни куќи. Така еден чифлигар од Нејчино, по име Босилјан, македонец по народност, прв изградил куќа на тоа место. Подоцна, кога селото Нејчино било запалено и разурнато, беговите им помогнале и на другите нејчани да изградат куќи околу куќата на Босилко. Како што вели народното предание, на оваа место била основана нова мала селска населба која била наречена „Босилко”, според името на човекот кој прв се населил таму. Потоа името од „Босилко” со текот на годините еволуирало во „Босилово”.

IF

HPIM1790.JPG

По ослободување од окупаторот, Босилово бележи уште побрз растеж. Денес Босилово е општина со современ лик и наликува на градче, а нам добро ни е познат по тоа што во Босилово може да ја пробате највкусната пица во цела Македонија.

 

 

Comments are closed.

Capture