Василево утре гостува во Свети Николе кај Овче Поле

Фудбалерите на Василево утре гостуваат во Свети Николе кај Овче Поле во натпревар од 24. коло од Третата лига – Исток.

14199263_611725192343070_8347436526888840606_n

Домаќините во овој натпревар се фаворити поради далеку подобрата игра, со што Василево ќе го очекува тешко гостување.

Клубот од Свети Николе моментално е на петтата позиција со 40 бодови, и му е потребна победа, бидејќи Кит-Го најверојатно ќе го победи Рудар во Пробиштип, по што клубот од Пехчево ќе ја заземе петтата позиција.

Василево е на деветтото место на табелата со 24 освоени бодови.

Comments are closed.

Capture