Академија Пандев против Вардар Неготино во 21.коло од Втора лига

Екипата на Академија Пандев утре со почеток од 16 часот ќе ги пречека фудбалерите на Вардар од Неготино во натпревар од 21. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Akademija Pandev - Novaci 04.03.2017

Пандевци во натпреварот против екипата од Неготино се апсолутни фаворити, но Вардарци ќе играат под притисок за победа како би можеле да останат во трката за седмата позиција, со оглед на фактот што имаат исто бодови како и Тиквеш Кавадарци кои исто така има тешко гостување кај второпласираниот Скопје.

Овие две екипи имаат одиграно две меѓусебни пресметки во рамките на Втората лига оваа сезона. Првиот натпревар одигран во Неготино завршил без победник (0:0), додека во вториот натпревар Академијата 2:0 го победила Вардар Неготино.

Во однос на играта од последните пет натпревари Вардар Неготино има скор од три ремиа, една победа и еден пораз, додека Пандевци имаат две победи, исто толку и порази и едно реми.

 

Comments are closed.

Capture