Во март решени 137 проблеми на граѓаните преку „Систем 48“

Во текот на месец март до општинскиот сервис „Систем 48“ биле доставени вкупно 153 пријави, од кои решени и одговорени се 137 пријави. Останатите 16 пријави се проследени до надлежните служби и се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. sistem4-3Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување 88, од областа на собирање смет 21, водовод и канализација 14, паркови и зеленило 28, и улици, патишта и тротоари 2 пријави. Од општинскиот сервис „Систем 48“ има се заблагодаруваат на граѓаните за довербата и користењето на неговите услуги и истовремено апелираат за навремено пријавување на бесплатниот телефонски број 080014848, за да можат општинските служби во предвидениот рок да интервенираат и да ги решаваат пријавените проблеми.

Comments are closed.

Capture