Спомен костурницата над Струмица

 

На ридот Самораница, на 327 метри над градот Струмица, се наоѓа едно од покарактеристичните обележја на градот – Спомен костурницата која е вечен дом на неколку македонски народни хероји.
Спомен костурница е дело на архитектот Благој Колев, градбата  започнала во 1979, а во 1982 година, со свечен чин, во неа биле пренесени моштите на загинатите борци и положени во саркофагот. Во саркофагот се наоѓаат посмртните останки на: Благој Јанков Мучето, Герас Цунев, Сандо Масев, Васил Сурчев, Киро Абрашев, Иљо Шопов, Јанко Цветинов и Димитар Цветинов.
Спомен – костурницата е изградена од бел мермер, освен саркофагот, кој е од кафеав мермер.

05

07

Comments are closed.

Capture