Турновци со убедлива победа, Пандевци со реми во 20. коло

Екипата на Турново во саботата оствари убедлива и важна победа над ланскиот прволигаш Металург со резултат од 3:1. Турновци одиграа одличен натпревар а нивниот спор на последните пет натпревар е еден пораз, едно реми и три победи.

Со моментот се на петтото место со 29 бода и имаат негатива од само 3 бода во однос на четвропласираниот Новаци, и 4 бода негатива во однос на третопласираниот Еуромилк.

Веќе во следното коло Хоризонт од Турново му гостува на третопласираниот Еуромилк и со победа Турново би се искачил на четвртото место на табелата во случај на пораз на Новаци до Тетекс, а разликата меѓу Турновци и клубот од Горно Лисиче би била само 1 бода. Фудбалерите на Хоризонт играат со мотив за победа бидејќи нивните шанси за освојување на третото место на табелата се реални, со што би можеле преку бараж да се вратат во Првата лига.

Turnovo - Metalurg 15.05.2016 3

Академија Пандев на гостувањето во Кичево одигра нерешено (1:1) во натпреварот од 20. коло од Втората лига. Пандевци по одличните игри во текот на целата сезона, на последните пет натпревари имаат скор од два порази, две победи и едно реми. Но и понатаму остануваат на лидерската позиција и со сигурност ќе бидат шампиони во Вторага лига а веќе од следната сезона ќе ги гледаме во „елитното друштво“. Нивната бодовна разлика во однос на второпласираниот Скопје изнесува 12 бодови.

Во следното коло Пандевци го пречекуваат Вардар Неготино.

Comments are closed.

Capture