Поставена е вештачка трева на фитнес зоната во паркот

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ го заврши доопремувањето на фитнес зоната во големиот градски парк. Целата површина на зоната е покриена со вештачка трева на која се поставени осум разновидни фитнес справи. Со оваа фитнес зона струмичани добија уште едно прекрасно катче за рекреација во големиот градски парк, а потврда за тоа се рекреативците кои денеска уживаа на справите во зоната. 1 (5) 2 (5)

Comments are closed.

Capture