Василево и Напредок Радово со убедливи победи во 23. коло

Василево на домашен терен со 3:2 го победи Рудар. Гостите од Пробиштип пружија голем отпор, но сепак домаќините на крајот се радуваа на осмата сезонска победа.

Василево по 23. кола се наоѓа на деветтата озиција со 24 освоени бодови и останува во борбата за седмата позиција. Рудар е на 13-тото место со 17 бодови и е во борба за десеттата позиција.

Во следното коло Василево гостува во Свети Николе кај Овче Поле, додека Рудар на домашен терен го пречекува Кит-Го.

 14183821_1845507285677369_5352376143345777888_n

Напредок во Радово со 3:0 ја декласираше Тиверија во натпревар од 23. коло од Третата лига – Исток. Фудбалерите на Напредок ја остварија деветтата сезонска победа и со 27 бодови се наоѓаат на седмата позиција на табелата.

Тиверија го доживеа 14-тиот сезонски пораз и со 20 бодови е на 11-тото место на табелата.

Во следното коло Напредок му гостува на Осогово во Кочани, додека Тиверија има слободно коло.

Comments are closed.

Capture