Турново го декласираше Металург

Турновци во натпревар од 20. коло од Втората лига со 3:1 на домашен терен го победија Металург и остануваат во трка и за третото место на табелата.

Екипата на Хоризонт од Турново дојде до својата седма сезонска победа и останува на петтото место на табелата со 29 бода и има само 4 бода помалку од третото пласираниот Еуромилк и 3 бода помалку од четвртопласираниот Новаци.

Turnovo - Metalurg 15.05.2016 3

Металург сега се сели на седмата позиција со 23 бода.

Стрелци на погодоците за Турново беа Илиев, Јанев и Крсотвски додека за Металург единствен стрелец беше Јусуф.

Во следното коло Турново игра против Еуромилк на гостински терен и со евентуална победа Турновци би можеле да дојдат и до четвртото место на табелата и нивната бодовна разлика со клубот од Горно Лисиче би била само еден бод.

Металург во следното коло игра против Велазерими и овој натпревар ќе одлучи кој ќе остане на шестото место на табелата со 3 бода предност, на едни во однос на други.

 

Comments are closed.

Capture