КК Струмица со нова победа над КК Охрид

Кошаркарите на Струмица дојдоа до нова и значајна победа овој пат над големиот ривал КК Охрид на домашен терен во натпревар од 5. коло од плеј аутот.

kosarka

Струмичкиот клуб со резултат од 79:71 во салата „Парк“ го победи КК Охрид и сега е на првата позиција на табелата во плеј аутот со 27 бодови.

За КК Струмица ова е трета победа во низа, откако претходно ги победи, Пелистер (52:49), Вардар (50:55) и сега Охрид (79:71).

Во следното коло Струмица гостува кај Пелистер во натпревар од 6. коло од плеј аутот и домаќините ќе се обидат да го совладат првопласираниот клуб од плеј аутот со цел да се одмаздат за поразот кои го доживеа во Струмица.

 

Comments are closed.

Capture