Како да ги украсите велигденските јајца со салфетки?

За да обоите јајца со салфетки, потребни ви се:

cam03771

*Една белка

*трослојна салфетка

*четкичка

*варени јајца

 

Постапка: Прво морате да ги сварите јајцата. Слободно можете и да ги обоите. Разлистајте трослојна салфетка, потребно ви е само еден слој, оној на кој се наоѓаат сликите. Исечете ја секоја слика која сакате да се најде на вашето јајце.

cam03762

 

Потоа јајцето намачкајте го со белка на она место на кое сакате да ја залепите сликата.

cam03767

 

На тоа место ставете ја салфетката.

cam03769 (1)

Преку салфетката повторно тапкајте со белка додека не се залепи целосно.

cam03770

Додека е уште мокро, внимавајте што помалку да го допирате да не би ја помрднале или искинале сликата. Оставете го настрана да се исуши. Секоја неправилност која ќе ја воочите ќе исчезне со сушењето.

cam03772

Comments are closed.

Capture