Академија Пандев ремизираше со Велазерими

Екипата на Академија Пандев ремизираше во Кичево откако изигра 1:1 со Велазерими во натпревар од 20. коло од Вторага лига.

Пандевци не ја оправдаа фаворитската улога и во овој натпревар. Во последните 5 кола, првопласираниот клуб од Струмица има скор од две победи, два порази и едно реми.

Оваа е значаен бод за кичевчани кои по поразот на Металург од Турново сега се искачија на шестото место на табелата со 23 бода, исто колку што имаат и фудбалерите на Металург.

Akademija Pandev - Novaci 04.03.2017

Стрелец на голот на Велезарими беше Дани во 51. минута, додека за Академијата беше Миловановиќ во 64. минута.

Во следното коло Академија Пандев на домашен терен игра против Вардар Неготино, додека Велазерими му гостува на Металург во директен друел за шестото место.

Comments are closed.

Capture