Струмичката баклава – десерт карактеристичен за Струмица

Струмичката баклава би била одличен десерт за престојните велигденските празници.

Шербетот, со кој се поливаат корите, мора да биде доволно густ за да се развлечува „како сак’з ’’, односно жвака.
За Струмичкaтa баклавa е карактеристично да има многу ореви кои и го даваат посебниот вкус. Меѓутоа, за разлика од другите врсти на баклава кај кои оревите се мелат, кај Струмичката баклава секој орев се сече должно.
За припрема на оваа слатко по кое е Струмица позната, за правење на оваа баклава како состојки се користи: кори, маргарин, шербет, зејтин, и гриз.

baklavic

СОСТОЈКИ

1 кг кори за баклава (по можност влечени)

350 г ореви

200 г гриз

150 мл масло за готвење

2 ќесички ванилин шеќер

150 г маргарин

1,5 кг шеќер

неколку зрна зачин сакс

1 лимон

ПОДГОТОВКА

1.Се става толчен Сакс или Мастикс, зачин кој и дава посебен вкус на баклавата. Оревите се сечат долгнавесто и тенко, гризот се пржи, а во него се додава ванилата и толчениот сакс.

2.Најпрво, дното на плех бр.32 се мачка зејтин, се редат корите една врз друга. На секоја ставате зејтин и гриз со ванилата и саксот измешани, а на секоја втора или трета и ореви. Долните и горните неколку кори оставете ги без ореви.

3.Сечењето е многу важно, во средина овој пат е сечена и до центарот, затоа што ова е мал плех за баклава, таа се прави во огромни тепсии и тогаш средината останува цела ѕвезда. Во овој плех, ѕвездата би одзела многу простор.

4.Полијте ја со растопениот маргарин…Потоа се пече околу еден час, покриена со фолија на почетокот. Кога ќе се излади, се полива со шербет од 1,5 кг шеќер и помалку од 1 кг вода, ванилин шеќер и кругчиња лимун при крај.

5.За оние кои сакаат помека баклава, треба да се полие пред да биде готов шербетот, значи два пати, а кога ќе почне да се влече како конец од лажицата, значи готов е и се полива остатокот. Но ако сакате ропкава, да се сипа како велиме, се полива еднаш, кога е готов шербетот.

(рецептот е превземен од www.migusto.mk)

Comments are closed.

Capture