Хоризонт Турново во сабота против Металург

Екипата на Хоризонт од Турново во сабота на домашен терен ќе игра против Металург во натпревар од 20.коло од Втората македонска фудбалска лига.

Turnovo - Metalurg 15.05.2016 3

Овој натпревар ќе биде највозбудлив да се проследи, бидејќи со победа на Турновци нивната бодовна разлика во однос на Металург ќе се зголеми и ќе го осигурат петтото место на табелата. Од друга страна, доколку гостите додјат до победа, тогаш би биле на делбата на петтото место на табелата со по 26 бодови.

Турново во последни три кола игра во одлична форма. Пред три кола, Турновци со 2:0 го победија Металург, со 1:3 ја декласираа првопласираната Академија Пандев, кое воедно беше големо изненадување, во минатото коло ремизираа играјќи 0:0 против Тетекс.

Металург на последните пет кола има едно реми и пет порази со што нивното шестто место е загрозено, во случај на пораз од Турново, а победа на Велазерими над Академија Пандев што би било тешко, тогаш Металург ќе се сели на седмото место на табелата.

Натпреварот се игра со почеток од 16 часот.

 

Comments are closed.

Capture