КК Струмица во дуел против КК Охрид

Екипата на КК Струмица на домашен терен во сабота игра против КК Охрид во директен дуел за првото место на табелата во плеј аутот.

kosarka

Струмичките кошаркари се благи фаворити во однос на охриѓани. Во нивните три меѓусебни пресметки, Струмица добила две, додека Охриѓани ја добиле последната пресметка, од 18 март годинава.

Додека пак на последните 5 натпревари, Охрид има четири победи и еден пораз, додека Струмица има три победи и два порази.

Струмичките кошаркари ќе ја искористат предноста што играа на домашен терен пред своја публика и мотивот победа за прво место на табелата.

Натпреварот се игра со почеток од 17 часот.

Comments are closed.

Capture