Академија Пандев гостува кај Велазерими

Првопласираната Академија Пандев во сабота гостува во Кичево кај екипата на Велазерими во натпревар од 20. коло од Втората лига.

Akademija Pandev - Teteks - 4 kolo

Пандевци во овој натпревар важат за апсолутни фаворити поради далеку подобрата форма, но и игра. Меѓутоа, по двата порази во низа, првиот од Скопје (3:2) и вториот од Турново (1:3), Велазерими ќе се обиде да и го нанесе четвртиот пораз на Академијата, а на своја страна ќе ја имаат нивната публиката, и предноста што играат на нивен терен.

На последните пет натпревари, домаќините имаат два порази, две победи и едно реми, додека гостите имаат три победи и два порази.

Натпреварот се игра со почеток од 16 часот.

Comments are closed.

Capture