Делегација на Електростаљ во посета на општина Струмица

Во четиридневна посета на општина Струмица престојува делегација од градот  Електростаљ од Московската област на Руската федерација, предводена од заменик градоначалникот Дмитриј Гусев, и претставници на амбасадата на Руската федерација во Република Македонија.

2 (4)На средбата на делегациите од Електростаљ и општина Струмица која што се одржа во кабинетот на вршителот на должноста градоначалник, Костадин Костадинов, се разговараше за досегашната соработка и се разгледуваа новите можности за нејзино продлабочување во повеќе области.1 (4)

-Денешната средба е всушност резултат на нешто кое што во 2013 година во месец декември го потпишаа тогашните градоначалници Заев и Суханов, а станува збор за Спогодба за збратимување и пријателство помеѓу Електростаљ и општина Струмица. Јас искрено верувам дека оваа Спогодба која што тогаш е потпишана се заснова на принципите на добро пријателство, меѓусебно разбирање, а секако има за цел продлабочување на соработката во делот на економијата, културата, науката, образованието и некои други области. Искрено верувам дека од оваа средба која што ќе ја имаме деновиве со гостите од Електростаљ ќе произлезат конкретни активности кои што ќе бидат во функција на подобрување на условите за живот за граѓаните на Струмица и за граѓаните на Електростаљ. Тоа што сакам на крај да го кажам е дека добрите примери кои даваат позитивен бенефит за граѓаните на општина Струмица заслужуваат да имаат континуитет, да бидат продлабочувани и негувани, рече вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.3 (1)

Заменик градоначалникот на Електростаљ Дмитриј Гусев се заблагодари за доброто гостопримство од страна на општина Струмица и посебно го нагласи договорот за унапредување на соработката во областа на земјоделството.4 (4)

-Целта на нашата посета е да се даде дополнителен поттик за развој на билатералните односи меѓу двата збратимени града и секако да ја надополниме соработката меѓу Струмица и Електростаљ со нови проекти и со нови форми на соработка. Денеска се договоривме за унапредување на таа соработка во неколку области, пред се станува збор за испорака на земјоделски производи и соработка во областа на земјоделството и во тој дел потполно ја добив поддршката од градоначалникот и членовите на општината Струмица и се надевам дека 2018 година која ќе биде и јубилејна година за градот Електростаљ ние ќе ја дочекаме со реални проекти во таа област за да можеме да им обезбедиме на граѓаните на двата града подобро да се запознаат со животот во овие градови, рече Гусев.8 (2)

На денешната средба во знак на взаемната почит, двете делегации си разменија пригодни подароци.14

Comments are closed.

Capture