Одбележана 10-годишнината од воведувањето на посебните паралелки за деца со аутизам

„Градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица се најзаслужните за отпочнувањето на образованието на ученици со аутизам во Струмица и Македонија, но и за сите други ангажмани кои следуваа, а во насока на просторно проширување и осовременување на условите за непречено одвивање на образовниот процес. Општина Струмица и јас како в.д. градоначалник, ќе опстоиме во заложбата за понатамошен растеж на овој вид образование, а за доброто на децата со аутизам и на нивните семејства“, рече денеска вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, на одбележувањето на 10-годишнината од започнувањето на образовниот процес на ученици со аутизам во посебните паралелки во основното општинско училиште „Сандо Масев“.17629586_1251959244857503_5676813300097249485_n

-Пред само два дена, светот го одбележа 2. Април – Светскиот ден на свесноста за аутизмот, востановен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации. Една од главните цели на овој ден е подигање на свеста за аутизмот кај сите слоеви во општеството. Има и зошто да биде така, бидејќи податоците од Светската здравствена организација за минатата година, велат дека едно на 66 деца покажува знаци на аутизам. Каква е таа бројка во македонски рамки се уште е непознаница, но факт е дека бројот на аутистични деца рапидно расте. Денес, одбележувајќи го овој ден, одбележуваме и еден мал но значаен јубилеј – десет години од почетокот на образованието на ученици со аутизам во посебни паралелки во општинското основно училиште „Сандо Масев“. Притоа мора да се истакнат два факта кои посебно импонираат. Првиот факт е тоа што образованието за ученици со аутизам во нашиот град, започнало пред донесувањето на одлуката за востановување на Ден на свесноста за аутизмот во светски рамки. Вториот факт кој треба да не прави горди, е тоа што нашиот десетгодишен јубилеј е всушност и македонски јубилеј, што значи дека Струмица е втемелувач на образованието за ученици со аутизам во Република Македонија и вистински урнек и за другите општини во државата. Таквиот позитивен епилог е резултат на нераскинливоста на неколку значајни алки, меѓу кои треба да се истакнат младите дефектолози на чело со Спасе Додевски како носител на иницијативата, потоа Општинското основно училиште „Сандо Масев“ кое ширум ги отвори своите порти за реализација на извонредната идеја, и секако, тука е најважната и носечката алка на целокупниот зародиш, а тоа е доскорешниот градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев, кој со манир на визионер и вистински татко на сите граѓани, добрата идеја ја преточи во непроценливо историско дело за децата со аутизам. Поради таквиот негов ангажман, треба да му бидеме бескрајно благодарни, а јас како негов следбеник, сум особено горд што можам да го продолжам патот што тој го трасираше, рече Костадинов.17757106_1251959254857502_7277571972635170770_n

Благодарност до поранешниот градоначалник Зоран Заев упатија и Драгица Спасова, директор на училиштето „Сандо Масев“ и дефектологот Спасе Додевски.17795690_1251959041524190_772299993027801577_n

-На самото отворање јас запамтив што рече градоначалникот Зоран Заев: „Ова се наши деца, ова се наши простории, ова е и ќе остане наша општинска грижа, мораме да ги чуваме и развиваме, на ова нема да останеме“. Така и се случи. Од отворањето на овие паралелки во 2007 година, покрај честите дидактички опремувања и поддршка, на секои 5 години реализираме по еден огромен проект поддржан од општина Струмица. Во 2012 година поради ограничениот простор се пушти во употреба доградба и опремување на уште две простории – училници со што значително се модернизира и зголеми просторниот капацитет на паралелките, а во оваа 2017 година се опреми Соба за сензорна интеграција на учениците со аутизам поради големите нарушувања во сензорниот развој, рече Додевски.17796238_1251959398190821_4062226335408825865_n

На денешното одбележување присуствуваа и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и членови на истиот, претставници на одделението за образование при општина Струмица, наставници, родители и пријатели на децата со аутизам.17800339_1251959024857525_6434057434552345791_n 17799381_1251959044857523_78435639966382395_n

Comments are closed.

Capture