Земјоделци од Струмичко бараат исплата на субвенциите

Регионалниот синдикат на земјоделски производители денеска пред Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство организира предупредувачки протест.timthumb (1)

– Бараме исплата на субвенциите. Земјоделците се уште не ги добија парите и покрај ветувањата на надлежните, изјави претседателот на регионалниот синдикат Ристо Велков.

Ова се, рече, последни предупредувачки апели до Министерството за финансии и Платежната агенција.

Велков побара и решавање на политичката криза, како и формирање влада, зашто, во спротивно, според него, се кочат процесите во аграрот.

Comments are closed.

Capture